Top Sport

Фелипе Маса не е изненаден од „падот“ на Ферари

Порашениот возач на Ферари, Фелипе Маса вели дека не е изненаден од „падот“ на Скудереија во последните години, откако црвениот болид е многу далеку од шампионската форма од деновите на Михаел Шумахер.

И покрај тоа што во последните години зад воланите ги имаа шампионите Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел, последната титула за Ферари останува таа на Кими Раиконен во 2007 година. По ова следеше 16. конструкторска титула во 2008 година, но оттогаш нема титула, додека во 2020 беа на неверојатното шесто место како конструктори.

„Тоа не е изненадување. Најдобрите години на Ферари беа со Михаел Шумахер, а потоа 2006, 2007 и 2008. По 2009, Ферари веќе не еврвен тим. Имаше многу промени, но мора да се заддржи мирна глава, нешто што е тешко во Ферари. Проблемот не е кај возачите, туку кај болидот и кај тимот. Карлос Саинс и Шарл Леклер се фантастични возачи“, вели Маса во интервју за „АС“.

Бразилецот очекува нова битка Ред бул-Мерцедес и во 2022, иако е возможно да се приклучат и Ферари и Мекларен.

„Има големи промени, но тоа е секогаш тешко во Ф1. Мислам дека големите тимови, пак ќе се на врвот, како Мерцедес и Ред бул. Можеби Ферари и Мекларен ќе се вклучат со некоја победа. Ја секогаш сум со Ферари, но во моментов е тешко“, додава Маса.

Scroll to Top