Новата сезона во Формула 1 треба да започне на 15 овој месец, но ширењето на коронавирусот прави проблеми и стартот на шампионатот е неизвесен.
Додека се чека потврда на информацијата дали Ф1 ќе започне според распоредот, лоши вести стигнуваат од Бахреин каде 7 дена подоцна треба да се вози втората сезонска трка.
Властите во Бахреин им забраниле влез во државата на сите странски државјани кои претходите 14 дена биле во Италија, Ирак, Кина, Хонг Конг, Иран, Тајланд, Сингапур, Малезија и Јужна Кореја.
Ова е голем проблем за екипите на Ферари и на Алфа Таури, но и за екипите кои се снабдуваат со мотори на Ферари на на Алфа Ромео.
Трката за Големата награда на Бахреин започнува на 20 март, а возачите и членовите на екипажите мора да се на местото на трката два дена порано.
Тоа би значело дека овие луѓе уште утре (најдоцна) би требало да ја напуштат Италија.
Овој проблем би можел да доведе до дефинитивно одложување на стартот на сезоната, за кое подолг период се зборува.