Top Sport

Ферари на врвот пред квалификациите во Сочи

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, забележаа најбрзи времиња на последниот тренинг пред квалификациите за трката на Големата награда на Русија.

Леклер возеше најбрз круг 1:32.733 минути. Тој зад себе го остави тимскиот колега Фетел за 0,316 илјадити делови од секундата.

Зад двоецот од Ферари се пласираа возачите на Мерцедес, актуелниот првак Луис Хамилтон (+0.396) и Валтери Ботас (+0.621).

Квалфикациите на патеката во Сочи се возат денес од 14 часот, а трката за Големата награда на Русија е в недела од 13.10 часот.

Scroll to Top