Top Sport

Ферари најбрзи на првите тренинзи во Мелбурн

Првите слободни тренинзи пред трката за големата награда на Австралија ги обележаа возачите на Ферари. Карлос Саинс беше најбрз на првиот, а Шарл Леклер на вториот тренинг.

Саинс на првиот тренинг забележа време 1.19.806, од тимскиот колега Леклер беше побрз за пола секунда. На третото и четвртото место беа возачите на Ред Бул, Серхио Перез (1:20.399) и Макс Ферстапен (1:20.626).

На вториот тренинг најбрз беше Леклер. Возачот од Монте Карло единствен возеше под 1:19.000. Најбрзиот круг на Леклер 1:18.978 беше за 0.245 секунди побрзо од кругот на Ферстапен. Трет на вториот тренинг беше Саинс, а одлчно време забележа Фернандо Алонсо (1:19.658).

Големи проблеми на тренинзите имаа возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. На првиот тренинг беа седми и 12., а на вториот Расел беше 11., а Хамилтон 13.

Утре во 5 часот по средно-европско време ќе се вози третиот тренинг, а три часа подоцна на програмата се квалификациите.

Трката за Големата награда на Австралија се вози во недела, во 7 часот.

Scroll to Top