Ферари јасно порачаа дека одат на прва Формула 1 титула по една деценија на презентацијата на нивниот прекрасен нов болид за 2018 година.
Новиот црвен болид со кодно име СФ-71Х, беше претставено од двајцата возачи на тимот Себастијан Фетел и Кими Раиконен во Маранело и на прв поглед се работи за сличен болид на тој од 2017 (кој победи пет пати), но со јасни аеродинамички промени на страната на болидот, како задолжителниот „хејло“ над главата на возачите.
Информациите од Италија велат дека болидот има подолга оска на тркалата во обид да се „копира“ решението на болидот на Мерцедес.
Исто така се верува дека болидот е малку подолг од претходникот, иако главниот фокус на тимот беше надминувањето на проблемите со постојаноста кои лани ги чинеа скапо. Фетел водеше по првите 12 трки од сезоната, пред да биде претекнат од Луис Хамилтон по судир на стартот во Сингапур, и две откажувања на моторите во Малезија и Јапонија.
Ферари е единствениот Ф1 тим кој се натпреварувал во сите шампионати досега, но повторно се заканија дека ќе заминат доколку не се задоволни за промените предвидени за 2021 година. Ферари последен пат освои титула кај возачите во 2007 година со Раиконен, додека „постот“ кај конструкторите е една година пократок.