Италијанските медиуми тврдат дека Ферари ќе носи ревизија на нивниот СФ1000 болид на Австриското ГП, со големи промени на моторот, менувачот и аеродинамиката на болидот од верзијата која се појави на зимското тестирање.
Во февруари, СФ1000 не успеа да го држи темпото со ривалите од Мерцедес и Ред бул, а и покрај тоа што оваа пролет имаше затворање на фабриката во Маранело, тие работеле на подобрувањата на болидот.
СФ1000 наводно ќе има мотор за 15 коњски сили посилен од тој што се користеше во Барселона, со подобрувања во системот за ладење, а на шасијата ќе бидат забележани повеќе модификации.
Бидејќи уште не е јасно колку трки ќе има во сезоната со само осум европски трки засега на календарот, во борбата за титулата ќе биде посебно важно да се обрне внимание на постојаноста на болидот. Неодамна, шефот на Ферари, Матија Биното призна дека карактеристиките на патеката во Шпилберг нема да бидат добри за нивниот болид.