Top Sport

Фернандо Алонсо и формално „раскина“ со Мекларен

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо и официјално веќе не е амбасадор на Мекларен, откако не ја продолжија соработката за 2020 година и тоа го потврди тимот од Вокинг.

Алонсо помина четири сезони како возач на Мекларен, пред да се пензионира на крајот на сезоната 2018, но минатата сезона соработката продолжи – тој се појавуваше на неколку Ф1 трки со нив, а исто така се обидоа да влезат на Индијанаполис 500 трката, но во зарамувачки ток на настаните не успеаја да се квалификуваат на трката по низа комични грешки.

Искуството очигледно лошо влијаеше на Алонсо, и тој во мај ќе се обиде на Инди 500 со друг тим. Победникот на 32 ГП трки исто така има две победи од Ле Ман, а неодамна го комплетираше својот прв настап на Дакар релито.

Се верува дека Алонсо ќе учествува на Инди 500 со тимот на Андрети моторспорт, иако шефот на тимот Мајкл Андрети најави дека е потребно да се исполнат спонзорските обврски за таков настап.

Scroll to Top