Top Sport

Ферстапен доби автомобил на подарок од Хонда и Мото ГП лекција од Марк Маркез

Иако Хонда официјално се „раздели“ со Ред бул во 2021 година, соработката на двете компании продолжува, откако Макс Ферстапен и колегите од шампионскиот Ф1 тим беа на гости во Јапонија на „Хонда денот“ на која Ф1 возачите добија лекција за Мото ГП мотоцикли од шесткратниот шампион Марк Маркез, а Ферстапен си замина со посебен подарок од јапонската компанија.

Покрај Ферстапен, на гости во Јапонија беа и Серхио Перез, како и возачите на Алфа Таури, Пјер Гасли и Јуки Цунода, како и повеќе тркачи од различните категории кои ги подржува Хонда.

Ферстапен на подарок доби Хонда NSX Type-R автомобил со вредност од 150.000 долари.

Scroll to Top