Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, се уште не размислува за шампионската титула во првенството на Формула 1. Ферстапен, вчера победи на Големата награда на Мексико и ја зголеми предноста на Хамилтон во генералниот пласман.
Холанѓанецот, на стартот ги помина возачите на Мецедес, до крајот возеше соло-трка.
„Подоцна кочев. Толку. Успеав да се задржам на патеката, дојдов од третото до првото место. Тоа ја обележа трката“, рекол Ферстапен за „Скај спорт“.
Во генералниот пласман тој има 19 поени повеќе од актуелниот шампион, Хамилтон.
„Пред нас е долг пат во шампионатот. Во овој момент се изгледа добро, но исто така многу бргу може се да се смени. Се радувам на трката во Бразил, имам убави спомени“.
До крајот на сеозната во Формула 1 ќе се возат уште четири трки.