Top Sport

Ферстапен ги бојкотира „Скај спортс“ поради коментарот за „ограбената“ титула на Хамилтон

Макс Ферстапен одбива да зборува со британската ТВ-мрежа „Скај спортс“, но и со „Скај спортс Германија“ и „Скај спротс Италија“, бидејќи се чувствува навреден од коментарите на долговечниот коментатор Тед Кравиц, кој по Американското ГП тврдеше дека Луис Хамилтон бил „ограбен“ за титулата да отиде кај Ферстапен.

Во својот коментар на ТВ, Кравиц зборуваше за Бред Пит, кој беше присутен на трката во Остин и споредбата со холивудско сценарио ако Хамилтон го победеше Ферстапен во текот на трката.

„Вака, Хамилтон не победува цела година, и потоа пристигнува на патека каде што може да победи во битка со истиот човек кој победи во трката во која беше ограбен минатата сезона и успева да заврши пред него. Тоа би било фантастично сценарио и приказна. Но, не испадна така, нели? Бидејќи човекот кој го победи откако беше ограбен, всушност го претекна, бидејќи има побрз болид, поради инжинерингот и дизајнот, односно во основа поради Адријан Њуи во неговиот тим“, коментираше тогаш Кравиц.

За потсетување, Ферстапен го победи Хамилтон со претекнување во последниот круг на последната трка во 2021 во Абу Даби, во трка за која ФИА подоцна призна дека поради „човечка грешка“ на поранешниот директор на трки, Мајкл Маси имало погрешно следење на процедурата околу рестартирањето на трката под безбедносно возило. Маси подоцна га загуби местото на директор на трки и потоа си замина од ФИА. Фановите на Хамилтон постојано тврдат дека тој бил „ограбен“ во 2021, слично како Кравиц.

Scroll to Top