Top Sport

Ферстапен го истурка Хамилтон од патека, помина без казна

Борбата за титулата во Формула 1 очигледно влегува во критична фаза, откако Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаа нов интересен дуел во 48. круг од Бразилското ГП, во кој Ферстапен обидувајќи се да ја одбрани првата позиција, практично го истурка Британецот надвор од патеката.

И покрај ова, од ФИА преку радио-комуникацијата им порача на Ред бул дека нема да има истрага за инцидентот. Тесната битка продолжува и Хамилтон е во секунда од водството на Ферстапен.

Scroll to Top