Top Sport

Ферстапен го кажа тоа што сите го мислеа: Трката беше многу досадна

Макс Ферстапен вели дека неделното Белгиско ГП било многу досадно, откако Луис Хамилтон лесно стигна до својата петта победа оваа сезона, а возачот на Ред бул мораше да се задоволи со трето место, со далечни 15 секунди од првото место.

Освен драматичниот судир на Антонио Џовинаци и излетувањето на неговата гума пред Џорџ Расел во Вилијамс, остатокот од трката беше прилично без акција.

„Да бидам искрен, беше прилично досадно и не многу интересно. Не можев да ги следам Мерцедес, а на крајот на трката во последните осум круга морав да ги штедам гумите. Не беше многу за уживање. На средни гуми немав доволно брзина и не можев да ги притиснам. Доста осамена трка за мене“, вели Ферстапен.

Се надеваме дека на следната трка, на класичната патека Монца во Италија ќе видиме малку повеќе акција.

Хамилтон и Мерцедес без ривали во Белгија, Ферари ниту блиску до поени

Scroll to Top