Top Sport

Ферстапен: И јас, Фетел и Рикардо ќе бевме шампиони со болидот на Хамилтон

Макс Ферстапен триумфираше на неделното Мексиканско ГП на убедлив начин, истиот ден кога Луис Хамилтон ја освои својата петта светска титула, и сега Холанѓанецот вели дека било кој од врвните возачи ќе го направеа истото да го имаа тој болид на Мерцедес.

„Што го направи Хамилтон сила во Формула 1? Неговиот болид! Секако, тој е многу добар возач. Но, и Фетел би бил шампион со тој болид, и Рикардо би бил шампион во тој болид, и јас, секако, би бил шампион со таков болид“, вели 21-годишниот возач на Ред бул.

Хамилтон освои четири од своите пет титули со „Сребрената стрела“, запишувајќи импресивни 50 победи откако се приклучи на тимот во 2013 година, повеќе од комбинираната сума на Фетел, Ферстапен и Рикардо.

И Фернандо Алонсо се согласува – сите би имале успех како Хамилтон со таков болид.

„Мислам дека сите би можеле да стигнат до титулата во низи како Хамилтон и Себастијан во Ред бул – тие победуваа и имаа половина секунда или секунда предност пред конкуренцијата. Тоа е да си во вистински болид во вистинско време. За да стигнеш до толку титули мора да имаш таква машина“, вели Алонсо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top