Top Sport

Ферстапен ја губи пол-позицијата во Австрија поради „блокада“?

Двократниот актуелен светски шампион, Макс Ферстапен е повикан кај стјуардите на Австриското ГП по освојувањето на пол-позицијта на Австриското ГП и му се заканува казна од најмалку пет места за „блокирање“ на Кевин Магнусен во Хас, тврдат англиските медиуми.

Возачот на Ред бул е повикан кај стјуардите еден час по крајот на квалификациите за неделната трка. Утре на програмата во Шпилберг е спринтерска трка, за која ќе има посебни квалификации во 12 часот.

Инаку денешните квалификации беа одбележани со повеќе интервенции на стјуардите, посебно за излегување надвор од патеката. Колегата на Ферстапен, Серхио Перез во недела ќе стартува од 15. место, откако беа избришани негови три круга во втората квалификациска сесија порадид ваков прекршок.

Scroll to Top