Светскиот шампион Макс Ферстапен имаше посебен подарок за шефот на неговиот тим, Кристијан Хорнер, подарувајќи му ја кацигата со која ја освои титулата при посетата на фабриката на тимот во Милтон Кејнс.
„Благодарам за се, ова мораше да се случи“, вели Холанѓанецот кога му ја дава кацигата на својот шеф, во видеото објавено од страна на Хорнер.
Британецот, пак, е емотивен при подарокот.
„Ова е нешто навистина навистина посебно, ти благодарам многу. Оваа кацига удри во ѕидот во гуми во Силверстоун, така што може да изддржи многу“, вели 48-годишниот Хорнер.
View this post on Instagram