Асот на Ред бул, Макс Ферстапен го поддржа својот тим за одлуката да го донесат Мексиканецот Серхио Перез како замена за Алекс Албон и покрај тоа што постоеја шпекулации дека тој би го преферирал Германецот Нико Хилкенберг.
„Чеко е добро момче. Одличен е со гумите и многу е интелигентен и тоа ќе направи голема разлика следната сезона. Сепак, не очекувам многу промени во тоа кој е фаворит, бидејќи кога бевме конкурентни оваа сезона, Мерцедес секогаш користеа еден болид против нас. Се надевам дека ќе се мотивираме. Јас го потпишав договорот со Чеко. Му ја оставив платата ниска“, се шегуваше Ферстапен на прашањето дали бил вклучен во преговорите.
„Секогаш разговарам со мојот тим, но на крајот одлуките ги носат Хелмут Марко, Кристијан Хорнер и Дитрих Матешиц, но не јас“, вели Ферстапен.