Top Sport

Ферстапен му го подари првото место на Хамилтон на стартот во Франција

Очекуваната битка на Француското ГП помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаше неочекуван епилог во првиот круг, откако освојувачот на пол-позицијата, Ферстапен, ја загуби контролата на болидот и му го предаде местото на лутиот ривал.

Ферстапен, кој зачудувачки успеа да ги победи Хамилтон и Ботас на квалификациите во Франција, каде што супериорноста на болидот на Мерцедес требаше да даде огромна предност, преку радиото призна дека не можел да го контролира болидот на стартот. Сега останува тешка битка за позиција до крајот на трката. Стјуардите решија дека нема потреба да го казнат за излегување надвор од патеката.

Scroll to Top