Top Sport

Ферстапен му покажал „среден прст“ на Хамилтон и го нарекол „идиот“

Британецот Луис Хамилтон и Холанѓанецот Макс Ферстапен водат голема борба за титулата во Формула 1 шампионатот. Викендов продолжувањата со трката за Големата награда на САД во Остин.

Возбудливо беше на вториот слободен тренинг кога тркало до тркало се најдоа токму Макс и Луис, па дојде и до мал инцидент.

На излезот пред последниот свиок, болидите на Мерцедес и Ред Бул се најдоа еден до друг, а ниту еден од двајцата возачи не сакаше да биде тој кој ќе попушти и ќе се потргне.


На Ферстапен не му се допадна потегот на Хамилтон, па со помош на радио врската Британецот го нарече „идиот“. Потоа му го покажа средниот прст.

Сепак, клупскиот колега на Ферстапен, Серхио перез беше најбрз на вториот тренинг.

Трката за ГН на САД се вози утре, а доцна вечерва по средноевропско време се квалификациите.

Scroll to Top