Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, забележа најдобро време на првиот слободен тренинг, пред трката за Големата награда на Турција. Тренингот се возеше по тешки услови, возачите се жалеа дека „ се лизга како на мраз“.
На крајот од тренингот најдобар резултат (1:35.077 минути) имаше Ферстапен. Втор најбрз на патеката беше неговиот тимски колега, Александер Албон (1:35.318).
Зад возачите на Ред Бул беа нивните колеги од Ферари и Алфа Таури: Шарл Леклер, Пјер Гасли, Себастијан Фетел и Данил Квјат.
Разочараа возачите на Мерцедес. Валтери Ботас, во првиот дел од тренингот имаше добри времиња, но на крајот заврши на деветтото место, додека Луис Хамилтон беше 15.