Top Sport

Ферстапен најбрз и на третиот слободен тренинг

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен оствари најбрзо време и на третиот слободен тренинг пред неделната трка за Големата награда на Бахреин.

Ферстапен кој беше најдобар и на првите два тренинга денеска извозе со време 1:30,577.

Второ најдобро време имаше актуелниот шампион, Луис Хамилтон (Мерцедес). Тој зад Холанѓанецот извозе побавно за 0,739 секунди, додека трето време имаше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли кој доцнеше зад времето на Ферстапен за 1,006 секунди.

Четврти беше Валтери Ботас (Мерцедес), а петти Серхио Перез со Ред Бул.

Пласман во Топ 10 имаше и за Карлос Саинц, Кими Раиконен, Естебан Окон, Ленс Строл и Даниел Рикардо.

Квалификациите се денеска, со почеток во 16 часот, а утре од 17 часот започнува трката во Бахреин.

Scroll to Top