Top Sport

Ферстапен најбрз на првиот тренинг

Со првиот тренинг во Бахреин, официјално започна новата сезона во Формула 1. Најбрзо време, на првиот тренинг, го постави возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Холанѓанецот, во финишот го извозе најбрзиот круг, откако претходно на челната позиција се менуваа Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Ландо Норис.

Ферстапен возеше 1:31.394 минути. Втор беше Валтери Ботас (+0.298), трет Ландо Норис (+0.503) и Луис Хамилтон (+0.507).

Фернандо Алонсо, кој се врати во Формула 1, имаше 16.време, а дебитантите од Хас, Мик Шумахер и Никита Мазепин завршија на последните две места.

Scroll to Top