Top Sport

Ферстапен не е импресиониран: Фетел не е магичен возач

Асот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен вели дека никогаш не го сметал Себастијан Фетел за „магичен возач“ и покрај тоа што Германецот статистички е еден од најдобрите возачи во историјата, со четири Ф1 титули.

Според Холанѓанецот, поразот од Даниел Рикардо во нивната единствена заедничка сезона во Ред бул, како и проблемите оваа сезона со Шарл Леклер докажуваат дека Фетел не е ништо посебно.

„Секогаш сум мислел дека Фетел е добар возач, бидејќи во спротивност нема да освоиш четири светски титули. Меѓутоа, никогаш не сум мислел дека тој е магичен возач. Прво, бидејќи Даниел успеа да го победи во Ред бул, а сега Леклер му прави многу проблеми оваа сезона“, вели Ферстапен во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Иако долго време беше поврзуван со трансфер во Мерцедес, тој вели дека не размислува за трансфер и дека не се плаши од партнерство со силни возачи.

„Ако има шанса Леклер и јас да станеме колеги, би го прифатил тоа. Истото се однесува со Хамилтон, иако има пет титули. Не ми е грижа против кого возам“, додава Ферстапен.

Scroll to Top