Top Sport

Ферстапен: Не сум ѕвезда, туку сум само Макс

Макс Ферстапен вели дека не се смета за една од најголемите Ф1 ѕвезди, објаснувајќи дека тој е само обично момче кое сака да биде тркач, и додаде дека влијанието на неговите родители на кариерата не било толку големо како што се смета.

21-годишниот Холанѓанец уште еднаш покажа зошто направи толку фанова на Австриското ГП, каде што стигна до неверојатна победа со претекнување во претпоследниот круг, а организаторите на Ф1 сакаат да го исполнат потенцијалот со организирање на прво Холандско ГП по повеќе од две децении следната сезона.

„Не сметам дека сум суперѕвезда, туку јас сум само Макс, Формула 1 возач и нормална личност во приватниот живот. Се однесувам исто како лани и како годината пред таа. Луѓето можеби ме гледаат поинаку бидејќи станав попознат“, вели Ферстапен.

Тој исто така открива дека неговите родители, поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен и поранешната тркачка Софи Кумпен воопшто не го терале да почне со натпреварувањето во картинг трките.

„Моите родители никогаш не ме тераа да возам. Јас бев тој кој ги терав нив. Видов едно дете како вози картинг на три години и беше помладо од мене и бев упорен со мојот татко. Тој не ми дозволуваше додека не наполнив шест години, по што постојано плачев и барав од мајка ми да ми купат картинг. Уште се сеќавам на тој ден. Се разбудив, ја ставив кацигата и чекав да одиме. Картингот беше многу спор“, вели Ферстапен.

Со 15 години, тој беше „грабнат“ од Ред бул под водство на советникот на тимот, Хелмут Марко и две години подоцна дебитираше во Ф1 со тимот на Торо росо.

Scroll to Top