Бурниот Ф1 викенд вечерва кулминира со класичната бразилска трка во Интерлагос, и лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен имаше што да каже за својата казна од 50.000 евра, која потврди дека ќе ја плати од свој џеб.
Ферстапен вчера го загуби првото место во спринтерската трка од Валтери Ботас, така што денеска ќе стартува на второто место, сепак, осум позиции зад ривалот во генерален пласман Луис Хамилтон. Викендот во Бразил започна така што во петокот болидот на Хамилтон беше дисквалификуван од пол-позицијата поради „0.2 милиметри пошироко задно крило“, додека самиот Ферстапен беше казнет со 50.000 евра, откако го допираше задното крило на Мерцедес по крајот на квалификациите. Ферстапен имаше интересен одговор.
„Казната е навистина голема, така што се надевам дека ќе имаат добра вечера со скапо вино за мене, тоа би било убаво. Можат дури и да ме поканат, ќе ја платам вечерата. Јас ќе морам лично да платам, така што нема трошење на ФИФА картички на мојот компјутер“, одговори Ферстапен.
Тој го стартува шоуто во Бразил со 21 поен предност пред Хамилтон.