Top Sport

Ферстапен верува дека ќе стане шампион со Ред бул

Макс Ферстапен вели дека целосно верува дека со Ред бул рејсинг ќе може да стигне до светската титула и покрај тоа што неодамна го критикуваше својот тим за слабиот развој на болидот во вториот дел од сезоната.

22-годишниот Холанѓанец има седум победи со Ред бул, но и по три цели сезони во ниту еден момент не беше сериозен конкурент за титулата, додека неговиот врсник, Шарл Леклер добива многу повеќе внимание во тимот на Ферари. И покрај ова, Ферстапен не ја губи довербата.

„Верувам дека ќе можам да станам шампион со Ред бул. Последните години немаме добар старт на сезоната, нешто што е клучни во шампионатот. Ред бул веќе има четири титули во минатото, а оваа година влеговме во ново партнерство со Хонда и потребно е време. Ќе видиме што ќе покажеме следната сезона“, вели Ферстапен.

Scroll to Top