Top Sport

Ферстапен: Возилото за безбедност на Астон Мартин беше бавно како желка

Макс Ферстапен, актуелниот светски првак во Формула 1, имаше тежок викенд на „Алберт парк“ во Мелбурн. Холанѓанецот, имаше проблеми со болидот и не ја заврши трката за Големата награда на Австралија.

По завршувањето на трката, Ферстапен, покрај за проблемите со кои се соочил, проговорил и за уште еден интересен детаљ. Во Австралија, прв пат како возило за безбедност беше користен автомобил на Астон Мартин.

„Возилото за безбедност беше многу бавно, како желка. Возеше 140 километри на час, а на патеката немаше остатоци од оштетените автомобили. Навистина не ја разбирам одлуката. Кога трката повторно стартуваше гумите беа ладни“, рекол Ферстапен.

„Никогаш немавме проблем со Мерцедес како возило за безбедност. Мислам дека Мерцедесот за пет секунди беше побрз од Астон Мартин, тоа е голема разлика“, изјавил Џорџ Расел од Мерцедес, кој трката ја заврши на третото место.

Scroll to Top