Двократниот светски шампион, Макс Ферстапен очекува неговите Ред бул повторно да се најмоќни веќе на следната трка, по крајот на лудата победничка серија на Сингапур ГП трката.
Ред бул беа непоразени во 2023 со 15 победи едноподруго (серија која почна во 2022), а Ферстапен имаше 10 победи во низа пред трката на патеката „Марина беј“. По лошите квалификации, на кои Ферстапен беше 11., тој не успеа да се пробие до врвот, завршувајќи ја трката на петтото место, додека Карлос Саинс во Ферари триумфираше.
„Имавме лоша среќа со безбедносното возило, кое вториот пат излезе во лош момент за нас. Првпат ме претекнаа оваа година? Навистина не ми е грижа за статистиките. Бев на стари гуми и не можев да направам ншто. Мислам дека следната недела во Сузука ќе бидеме брзи. Дали треба да се загрижени ривалите? Пак, навистина не ми е грижа“, изјави Ферстапен.