Top Sport

Ферстапен за најлошиот момент сезонава во Ф1: Поминав цела вечер во болница по несреќата на „Силверстоун“

Формула 1 пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен го издвои својот најнепријатен момент во сезоната која заврши со негова победа за титула, во Абу Даби.

„Најлошото нешто се разбира, беше моментот кога ја поминав цела вечер во болница по несреќата во Силверстоун. Никој не сака да биде во болница. Не беше многу пријатно ниту по инцидентот во Баку, иако ми се чини дека на крајот и таквите моменти те прават посилен како возач. Што се однесува до најдобрите моменти, тешко е, ги имаше премногу. Беше одлично да се победи во Монако по сите тешкотии со кои се соочивме, по сите неуспеси и лоша среќа. Уште две победи во Австрија, победа на мојата домашна сцена во Зандворт. И, секако, лудата завршница на трката во Абу Даби. Мислам дека овие моменти беа највпечатливи“ – рече Ферстапен за „Autosport“.

На трката за Големата награда на Велика Британија, Ферстапен беше исфрлен од патеката по судир со Луис Хамилтон од Мерцедес. Заврши во болница, на лекарски преглед. Хамилтон триумфираше на трката и покрај казната од 10 секунди.

Scroll to Top