Top Sport

Ферстапен за „влакно“ пред Саинс во Силверстоун, најголемо изненадување се Вилијамс

Светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Макс Ферстапен беше најбрз и на вториот тренинг пред Британското ГП во Силверстоун, победувајќи го Карлос Саинс во Ферари за само 0.022 секунди, додека најпријатно изненадување направија Вилијамс, откако двајцата нивни возачи беа во топ 5.

Алекс Албон по третото место во првиот тренинг го повтори успехот, додека Логан Сарџент беше петти зад вториот Ред бул на Серхио Перез.

Домашната трка беше посебно разочарувачка за Луис Хамилтон, кој имаше само 15. најдобро време, далеку зад својот колега Џорџ Расел кој беше на 12. место, а најголем лузер беше Шарл Леклер, кој воопшто не постави време на втората сесија поради проблеми со болидот на Ферари.

Scroll to Top