Германецот Себстијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Канада. Фетел ја забележа втората победа во кариерата на патеката „Жил Вилнев“. Триумфот на Германецот е прв за Ферари во Канада уште од 2004 година, кога најбрз беше Михаел Шумахер.
Фетел до третата сезонска победа, 50.во кариерата дојде пред Валтери Ботас од Мерцедес и Макс Ферстапен од Ред Бул. Германецот со оваа победа се врати на лидерската позиција во генералниот пласман, пред Луис Хамилтон, кој трката ја заврши на петтото место.
Пред Британецот се пласира возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.
Бодови во Канада освоија уште Кими Раиконен (Ферари), Карлос Саинц (Рено), Нико Хулкенберг (Рено), Естебан Окон (Форс Индија) и Шарл Леклер (Заубер).
Трката во Канада ја обележа инцидентот што се случи во првиот круг, во кој учествуваа Брендон Хартли (Торо Росо) и Ленс Строл (Вилијамс). Хартли најбрвин удри во заштитната ограда, а потоа се заби во болидот на Строл.
LAP 1/70:
Great start for Vettel but there’s been a huge impact behind
Hartley and Stroll are OUT #CanadianGP ?? #F1 pic.twitter.com/7mazteuo3X
— Formula 1 (@F1) June 10, 2018
Фетел сега на првата позиција има 121 бод, еден повеќе од Хамилтон, додека трет е Ботас со 86 бода.
Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи на 24.јуни кога ќе се вози трката за Големата награда на Франција, која по десет години се врати во календарот.