Кој вели дека Германците немаат смисла за хумор? Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1 и голем фан на „Монти Пајтон“ го покажа тоа уште еднаш по Мексиканското ГП кога даваше интервју покрај победникот Луис Хамилтон.
Хамилтон до победата стигна со фантастично менаџирање на своите гуми и со уште поимпресивна стратегија на едно влегување во боксот иако Ферари имаа побрз болид и Германецот реши да ги опише квалитетите на Британецот.
„Се обидовме со се, но тој имаше среќа. Ако сте жена на оваа планета овој дечко може да ви даде масажа како што ги третира гумите, тогаш сте многу среќни ќе ја почувствувате магијата“, вели Фетел.
If you need a massage, Lewis is your man!
(According to Seb ?)#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/Jmmks7Prmx
— Formula 1 (@F1) October 28, 2019