Top Sport

Фетел: Ф1 не треба да стане „Марио карт“!

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел вели дека новите шефови на Ф1 сакаат да го претворат најелитниот мотоспорт на светот во верзија на компјутерската игра „Марио карт“, по воведувањето на дополнителната шанса за претекнување на неделното Австриско ГП.

Ова доаѓа откако на патеката во Шпилберг се додаде трета зона за користење на ДРС системот, нешто што според Фетел е вештачки обид да се смени спортот.

„Многумина ја сакаат ’Марио карт’, вклучувајќи ме и мене, бидејќи ја играв кога бев помлад, но Формула 1 не треба да биде вештачки спорт. Можеби дополнителната ДРС зона ќе помогне со претекнувањето, но не е возбудливо и само да пролеташ до другиот болид. Има повеќе тензија и возбуда ако се случи нешто вистинско“, вели асот на Ферари.

Доделувањето на трета ДРС зона на Ред бул ринг доаѓа поради недостаток на вистински шанси за претекнување со аеродинамичките правила – кога болидите се блиску еден до друг, потисната сила станува уште поголема. Исто така, промената доаѓа по трките во Монако и Канада, кои беа навистина досадни без многу претекнувања.

Scroll to Top