Четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел не е импресиониран од Формула Е шампионатот на болиди на електричен погон, и покрај тоа што многумина сметата дека се работи за иднина на мотоспортот по вклучувањето на неколку големи производители.
Формула Е, која минатиот викенд ја стартуваше четвртата сезона, следната година ги чека БМВ како производител, а од 2019 ќе се приклучат Мерцедес и Порше. И покрај ова, Фетел не гледа како серијата би можела да биде сериозен конкурент на Формула 1.
„За мене, тоа воопшто не е иднината. Е-мобилноста во моментов е многу популарна во светот, но секој кој е искрен и се идентификува со моторспортот не мисли високо за Формула Е. Болидите не се многу брзи, а многу возачи кои возат таму ми кажуваат дека и тркањето не е многу возбудливо“, вели возачот на Ферари во интервју за швајцарскиот весник „Блик“.