Иако Себастијан Фетел уште мисли дека изјавата на Луис Хамилтон по Британското ГП за наводна намерна тактика на Ферари да се удрат во него е „смешна“, тој додава дека ги сфаќа емоциите на својот ривал за титулата.
Хамилтон и шефот на Мерцедес, Тото Волф го обвинија Кими Раиконен дека намерно се удрил во него во првиот круг на трката во Силверстон, по што тој падна на 18. место, пред да заврши втор зад Фетел. Германецот неочекувано го бранеше ривалот.
„Мислам дека е океј. Секако, беше смешно да се каже дека ние намерно се удираме во нив, но се тркаме и никогаш не е убаво да те удрат без да направиш грешка. Мислам дека е океј да го кажеш своето мислење дури и кога не е вистинито или разумно. Тоа е човечки“, вели Фетел.
Германецот исто така му честиташе на Хамилтон за новиот двегодишен договор на Британецот.
„Не знам зошто траеше толку долго, но мислам дека беше јасно на сите дека тој останува. Сакаш да се бориш со најдобрите, а Луис секогаш бил еден од најдобрите од кога влезе во Ф1“, додава Германецот.
Сопругата на Кими: Ако сака да плаче, Хамилтон нека оди на балет!