Себастијан Фетел додаде еден од најпрепознатливите болиди во Формула 1 историјата во својата колекција, откако го купи Вилијамс ФВ14Б болидот со кој Најџел Менсел стана шампион во 1992 година.
Вилијамс ФВ14Б е болид кој остана во убаво сеќавање на многу Ф1 фанови, не само поради изгледот, туку и поради техничката иновативност – со активна суспензија, „контрола на триење“ и со полуавтоматски менувач. Со него, Менсел ја освои титулата во сезона во која болидот победи на 10 од 16 трки и освои 15 од 16 пол-позиции.
Четирикратниот шампион Фетел, кој е колекционер на Ф1 болиди, си купил еден ваков примерок, тврди германскиот „Билд“. Не беше откриено колку Фетел плати за легендарниот болид, откако во 2019 година, еден од шесте изработени ФВ14Б болиди беше продаден за три милиони евра.
„Црвената петка беше многу интересен болид за мене. Се работи за неверојатна машина, а исто како и јас, го има бројот 5“, вели Фетел.