Top Sport

Фетел: Хамилтон со победата покажа зошто е најголем во нашата ера

Возачот на Ферари и четирикратен светски шампион, Себастијан Фетел му оддаде почит на својот долгогодишен ривал Луис Хамилтон, велејќи дека неговата победа на Турското ГП покажала зошто Британецот е „најголемиот во нашата ера“ на Ф1.

Хамилтон од шестото место на стартот остана на потрошени „средни“ гуми поминувајќи го Серхио Перез за водство и стигна до победа со разлика од половина минута за да ја запечати својата седма светска титула. Прв му честиташе токму Фетел, кој обезбеди драматично место на подиумот, откако дојде до Хамилтон додека тој уште не беше излезен од болидот.

„Му кажав дека е многу посебно за сите нас бидејќи гледавме како се испишува историјата. Тој е сигурно најголемиот во нашата ера. Тешко е да се споредува со другите генерации, како Фанџо, Мос, Шумахер и нашата генерација. Невозможно. Можеби ние ќе се се.еме од страв во такви стари болиди, а можеби тие ќе бидат бескорисни во нашите брзи болиди. Не е важно. За мене емотивно, Михаел ќе биде најголемиот, но нема сомнеж дека Луис е најдобриот, како што покажа денеска со многу тешка трка која не му беше наклонета. Затоа ги заслужува сите пофалби“, објасни Фетел.

Scroll to Top