Она што вчера го најавија медиумите денес доби потврда, Себастијан фетел од наредната сезона ќе вози за Астон Мартин. Трансферот го потврди тимот кој оваа сезона се натпреварува под името Рејсинг Поинт.
Четирикратниот светски шампион во тимот доаѓа на местото на Серхио Перез. Договорот помеѓу Астон Мартин и Фетел остава можност тој да остане во тимот и по 2021 година.
„Среќен сум што конечно можам да соопштам убави вести за мојата иднина. Горд сум што ќе возам за Астон Мартин наредната сезона. Тоа ќе биде нова авантура за мене со легендарната компанија. Импресиониран сум од резултатите кои тимот ги постигнува оваа сезона, верувам дека имаме светла заедничка иднина“, рекол Фетел.
Фетел во кариерата возел за Торо Росо, Ред Бул и Ферари.