Top Sport

Фетел и Леклер и во 2020 ќе возат под тимски наредби

Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека неговиот тим останува на мислењето дека со тимски наредби најдобро ќе се менаџираат односите помеѓу Себастијан Фетел и Шарл Леклер и во 2020 година.

Биното пред стартот на сезоната 2019 призна дека Фетел ќе има „приоритет“ пред Леклер, ситуација која предизвика проблеми уште на Бахреин ГП трката, кога Леклер одби да ги послуша директивите од тимот. Фетел пак, подоцна беше разочаран што Леклер не му помогна во квалификациите за Италијанското ГП, пред тој да врати со непочитување на планот за трка на Руското ГП.

Критиките придонесоа лидерството на Биното да биде критикувано, посебно во Италија, но неодамна генералниот директор, Луис Камилери потврди дека тие се презадоволни од неговото водење на тимот и од методите.

„Не беше лесно и сигурно е дека сите можевме да бидеме подобри. Но, обидот да се менаџираат возачите од Австралиското ГП на почеток беше нешто посебно. Велат дека е подобро да ги оставиме да се тркаат од почеток, но јас сум уверен дека ваквото менаџирање е најдобро за тимот на крајот на сезоната. Следната година треба да бидеме посилни. Сега пред секоја трка имам состанок со возачите за да се разговара за можните опции, за стратегијата. Сакаме да ги почитуваме како индивидуалци и добри возачи, но кога ќе ја стартуваат трката тие имаат една цел – не да го победат колегата, туку да бидат први пред сите“, вели Биното.

Scroll to Top