Себастијан Фетел можеби постојано губи последните сезони во борбата за титулата од Луис Хамилтон, но го победи на последната објавена листа за најголема заработувачка за своите Ф1 тимови.

Магазинот „Форбс“ направи табела со која процентот на освоените поени на секој возач се споредува со наградниот фонд кој неговиот тим го добива на крајот на сезоната. Во сите сезони досега, Себастијан Фетел им заработил на своите тимови 511.9 милиони долари, околу 60 милиони долари повеќе од Хамилтон (449.6 милиони долари).

Едноставно е да се разбере зошто Фетел е на првото место. Мекларен беа исклучени од наградниот фонд во 2007 година поради „спајгејт“ скандалот со украдените технички тајни на Ферари, а тогаш возач беше Хамилтон. Покрај ова, Фетел има освоено 56.8 отсто од поените за својот тим, а Хамилтон 53.8 отсто и на крајот Ферари добиваат значително повеќе пари од Мерцедес поради посебниот договор со Ф1 газдите поради нивната „историска“ вредност – тие се единствениот тим кој вози во Ф1 од стартот на шампионатот во 1950 година.

ТОП 10 ЗАРАБОТУВАЧИ ЗА СВОИТЕ ТИМОВИ

1.Себастијан Фетел, 511.9 милиони $

2.Луис Хамилтон, 449.6 милиони $

3.Кими Раиконен, 386.3 милиони $

4.Нико Хилкенберг, 250.9 милиони $

5.Серхио Перез, 232.1 милиони $

6.Даниел Рикардо, 231.1 милиони $

7.Валтери Ботас, 218.3 милиони $

8.Роман Грожан, 200.9 милиони $

9.Роберт Кубица, 154.7 милиони $

10.Макс Ферстапен, 132.5 милиони $