Top Sport

Фетел имал судар на „Каталуња“ (Видео)

Себастијан Фетел, на вториот ден од тест-возењата во Барселона, имал судар, поради што завршил в болница.

Германецот со своето Ферари излетал од патеката и удрил во заштитната ограда. За сега, на социјалните мрежи, се појави видео снимено од гледач кој бил покрај патеката Од Ферари порачале дека механички проблеми го предизвикале излетувањето.

Фетел, по инцидентот, завршил в болница, а откако бил прегледан бил отпуштен и се вратил во гаражата на Ферари.

Scroll to Top