Себастијан Фетел ќе вози на траката за Големата награда на Австралија. Германецот, поради коронавирусот, ги пропушти првите две трки во сезоната, Големите награди на Бахреин и Саудиска Арабија.
Болидот на Астон Мартин на првите две трки го возеше Нико Хулкенберг.
Астон Мартин не успеа да освои ниту еден поен во првите две трки. Во Џеда беа Ленс Строл и Нико Хулкенберг завршија на 12. и 13.место.
Траката на патеката „Алберт парк“, во Мелбурн ќе се вози на 10.април.