Top Sport

Фетел: Мерцедес намерно зборуваат дека имаат слаб болид

Себастијан Фетел мисли дека Мерцедес цела сезона намерно зборува дека има послаб болид о Ферари за да изгледа дека италијанскиот тим е поблиску до доминантната „Сребрена стрела“, со што во исто време нивниот болид изгледа поимпресивен.

Мерцедес водат во генерален пласман на возачи и на конструктори, иако половина сезона тврдеа дека нивниот болид е дури послаб од тој на Ферари, но Фетел вели дека таквите изјави не биле вистинити.

„Мислам дека постојано беше многу блиску. Мерцедес беа многу добри во искажувањето на нивниот став дека имаат инфериорен болид, но не верувам во тоа. Ќе видиме до крајот на сезоната. Ние имаме силен болид, но јасно е дека тие се уште доминантните. Разликата е помала оваа година, но нивниот болид беше силен од почеток на сезоната. Потребна ни е малку и среќа“, вели Фетел, кој заостанува огромни 50 поени зад Хамилтон во генерален пласман.

Scroll to Top