Top Sport

Фетел мирен и покрај шпекулациите дека Алонсо ќе го замени во Ферари

Себастијан Фетел не сакаше да реагира на шпекулациите во италијанскиот печат дека Фернандо Алонсо е пред спектакуларен кам-бек во Ферари на неговото место, изјавувајќи дека Скудерија има „совршен возачки состав“ со него и со младиот Шарл Леклер.

Сезоната 2019 е вистински кошмар за љубителите на „коњчето“ откако по најавите за борба за титулата и доминацијата на зимското тестирање, дојде суровото будење и апсолутната доминација на Мерцедес заедно со големиот број на тактички грешки на италијанскиот тим.

По ова, шпекулациите велеа дека Алонсо, кој лани се пензионираше како возач на Мекларен, може да биде решение за проблемите на Ферари, но Фетел не се согласува.

„Мислам дека партнерството со Шарл е позитивно, бидејќи двајцата се движиме напред, а ја заддржуваме и почитта. Никогаш во мојата кариера немав лесен противник. Кими не беше спор, но е поинаков возач од Шарл. Сепак, јасно е дека Шарл е многу талентиран и брз возач. Сега, ни треба само да се решат проблемите со болидот“, вели Фетел.

Scroll to Top