Себастијан Фетел вели дека не сака Ферари да наметне тимски наредби на неговиот колега Кими Раиконен и покрај тоа што во тимот на Мерцедес очигледно има ситуација во која Валтери Ботас добива инструкции да му помогне на Луис Хамилтон.
Мерцедес во Монца го оставија Ботас на патеката долго пред да го повикаат во бокс, за да го успори претходниот лидер Раиконен зад него, додека Хамилтон не го стигна на свежи гуми и подоцна го помина. Фетел, кој претходно луто реагираше дека за разлика од неговиот ривал, тој се трка со тројца возачи (вклучувајќи го Раиконен), сега вели дека не сака Финецот да има подредена улога.
„Двајцата сме доволно стари за да си носиме одлуки. Јас си ја завршувам мојата работа и подготвен сум да се тркам со секого. За нас ситуацијата е приличнмо едноставна. Подготвен сум да се тркам со три болиди, односно со 19 болиди. Никогаш не било поинаку и тоа е добро. Не очекувам ништо повеќе“, вели Фетел.
Хамилтон сега има 30 поени пред Фетел во генерален пласман, додека Раиконен е на 92 поени разлика, а Ботас на 97. Мерцедес јавно признаа дека ќе одлучуваат дали Ботас ќе го поддржува Хамилтон.
Фетел незадоволен со „отпуштениот“ Раиконен: Јас се тркам со три болиди!