Себастијан Фетел вели дека го надминал разочарувањето од поразот во борбата за титулата оваа година со голема желба за успех следната година.
Со четвртото место во Мексико, неговиот главен ривал Луис Хамилтон ја освои четвртата светска титула на две трки пред крајот на сезоната.
„Тешко е да се помине целната линија и да сфатите дека веќе не сте во борба за титула. Се борев до крај и го дадов максимумот, но на крајот тоа не се случи“, вели Фетел.
Исходот значи дека Фетел е израмнет со Хамилтон со четири светски титули, и Германецот во тоа наоѓа мотивација.
„Само малку спортисти на светот имаат четири светски титули кај себе. Оваа сезона, Луис беше подобриот возач и затоа ја освои титулата. Но, следната година ќе направам сè да го задржам на четири титули. 2017 беше негова година, но 2018 е поинаква приказна. Никогаш не знаете што ќе се случи во иднината. Сè почнува од нула. Со Ферари сме на вистински пат, тимот расте и има многу позитивни работи“, вели Фетел во интервју за „Спорт билд“.
Сепак, тој не сакаше да ветува многу работи, ниту да ја потцени задачата која е пред него и Скудерија.
„Мораме да бидеме подобри и ќе го направиме тоа. На крајот, знаете дека не се бориме против Мики Маус и Пајо Паторот. Но, не се плашам од Луис, туку сакам да се тркам со него. Ако победите против Луис Хамилтон морате да бидете горди бидејќи го знаете неговото ниво“, завршува Германецот.