Себастијан Фетел е еден од ретките Формула 1 возачи кои никогаш не ангажирале менаџер и секогаш се потпирал на своите квалитети како преговарач и вели дека ќе продолжи да се однесува така и во иднината.
Кога беше млад возач, главниот менаџмент на Фетел беше во рацете на Ред бул, но по неговото заминување од тимот на крајот на 2014, тој реши да се потпре на своите квалитети, нешто што е необично во Ф1.
„Зошто немам менаџер? Тоа е добро прашање. Можеби ќе ми помогнеше за некои работи, но ова е начинот на кој секогаш ги вршам моите работи и сакам да продолжи така. Не сакам да кажам дека постојано сам си ги вршам сите работи, секако имам луѓе кои ми помагаат, но мислам дека за преговарање можам работите да ги завршам сам. За мене е поважно да знам на кои луѓе можам да им верувам и да градам такви односи отколку да има подобро јавно мислење за мене. Никогаш не сум бил под влијание на тоа што некој мисли или зборува за мене, и благодарам на Бога што е така“, вели Фетел.