Себастијан Фетел вели дека Кими Раиконен е неговиот најдобар колега во неговата Формула 1 кариера, бидејќи Финецот не игра политички игри. Германскиот возач на Ферари немаше најдобри односи со своите поранешни колеги, посебно со Австралиецот Марк Вебер, со кого имаше многу конфликти во Ред бул.
Фетел и Раиконен се судрија на стартот на Сингапур ГП трката оваа сезона, но само бидејќи Германецот се обидуваше да го брани првото место од Макс Ферстапен во Ред бул. Двајцата возачи ќе останат колеги и следната сезона, бидејќи Фетел потпиша продолжување на договорот до 2020 година, а Раиконен има уште едногодишен договор.
„Не го бираш својот колега, така што тоа не е одлука која треба да ја носат возачите. Затоа не ми пречи. Полесно е кога имате некој со кого можете да работите добро и со кој се почитувате. Многумина сакаат непотребно да ги компликуваат работите, така што е добро да имате искрена врска без политика или конфузија. Според ова, Кими е најдобриот колега што сум го имам. Тој е искрен, отворен. Но, добро се согласував и со Даниел Рикјардо. Со Марк имавме доста разлики, но бевме и различни генерации“, изјави Фетел во интервју со „Аутоспорт“.