Top Sport

Фетел сака „во четири очи“ да разговара со Ферстапен

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, рекол дека сака приватно да поразговара со младиот колега од Ред Бул, Макс Ферстапен, за да не „војуваат“ со зборови преку медиумите.

Ферстапен понекогаш знае дека биде и премногу агресивен на патеката и тоа е она што на многумина во Формула 1 им пречи кај него.

Фетел и Холанѓанецот имаа блиска средба на неделната трка за Големата награда на Јапонија. Ферстапен беше премногу агресивен во обидите да ја задржи третата позиција, поради што во деветтиот круг дојде има и контакт помеѓу нивните болиди.

Претходно, Ферстапен, имаше дуел и со второто Ферари што го управува Кими Раиконен. Холанѓанецот го исфрли Финелцот од патеката поради што доби казна од пет секунди.

„Не сакам на крајот ова да се претвори во она: ‘Себ го вели ова, Макс го вели она’. Ќе разговарам со него кога ќе биде вистинското време за нешто такво, тоа го сакам. Бидејќи ми поставувате прашања, едноставно морам да одговорам“, рекол Фетел.

Германецот е убеден дека неговиот обид мине крај Ферстапен во свиокот „Спун“, не бил премногу амбициозен и додава дека не можел да почека некој подобар момент.

Scroll to Top