Top Sport

ФИА го предупреди Фетел за посетата на боксот на Ред бул (видео)

Себастијан Фетел вчера беше забележан како оди на „разговор“ кај својот поранешен клуб Ред бул и единствената официјална реакција на ова беше предупредувањето кое ФИА го даде за следење на протоколот за спречување за ширење на корона вирусот.

32-годишниот Германец си заминува од Ферари на крајот на сезоната и пред Австриското ГП призна дека бара опција за следната сезона, по што беше забележан како разговара со шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер и советникот на тимот, Хелмут Марко. Фетел освои четири светски титули со Ред бул од 2010 до 2013, пред во 2015 година да замине во Ферари.

Марко вели дека се работело за обичен разговор.

„Имаме добри односи со Себ и зошто не би се поздравиле убаво и би поразговарале за старите добри времиња“, вели Марко за „Скај Германија“.

Макс Ферстапен има договор со Ред бул до 2023 година, додека Александер Албон има договор кој истекува на крајот на сезоната.

ФИА реагираше со соопштение во кое ги предупредува сите дека е потребно носење маски.

Scroll to Top