Светската автомобилистичка федерација (ФИА) организира избор за најдобра акција во сезоната 2017, а наградата е два билети за Британското ГП во Силверстоун следната година.
Подолу можете да го погледнете изборот на видеа, а гласањето може да го направите тука.
1.Летечки Финец (ВРЦ)
– Скокот на Есапека Лапи со својата Тојота на славната етапа Фафе на Португалското рели.
2.Од другата страна (Формула Е)
– Сем Брд прави спектакуларно претекнување од надворешната страна на Жером Дамброзио за трето место на Мексиканското Е-при.
3.Лизгање во Јапонија (ВЕЦ)
– Џејмс Каладо (Порше) и Фредерик Маковјецки (Ферари) на дождливата трка 6 часа Фуџи, Јапонија.
4.На границата (Ф1)
– Себастијан Фетел (Ферари) и Даниел Рикјардо (Ред бул) во 22. круг на Кинеското ГП.
5.Супер-спас (ВТЦЦ)
– Тед Бјорк (Волво) по контактот со Естебан Гуерири (Хонда) на јапонската ВТЦЦ трка.
6.Бакеруд ѕверот (ВРЦЦ)
– Андреас Бакеруд со спектакуларен момент во ФИА реликрос шампионатот.
7.Судир на титаните (ВЕЦ)
– Хозе Марија Лопез (Тојота) во борба со Андре Лотерер (Порше) на трката во Остин, Тексас.
8.Борба за титула (Ф3 Европски шампионат)
– Лендо Норис и Џоел Ериксон се борат за водство на третата трка во Шпилберг, Австрија.
9.360 степени (Европски трак шампионат)
– Французинот Антони Жаниек на трката во Нирбургринг.
10. Кам-бек крал (ЕРЦ)
– Полјакот Алекс Завада во шестата етапа на Чешкото рели со голем „момент“.
11.Шампионско пртекнување (картинг)
– Актуелниот шампион Паоло де Конто со претекнување на втората трка од картинг шампионатот во Генк, Белгија.